Tuesday, October 19, 2010

Tomorrow will be бетер

          Хе, ама јако насловче мора да признајте, ама воа дело не е МОЕ ремек дело. Вие збораве ги напишал един наш културен уметник ву 1972 година и заради тоа наслов ву некуј весник там, бил притворен уд тамошната милиција. И сеа види шо е ного интересно, вие збораве после 40 години уште држат место и ќе држат уште ного време. Значи типут ја предвидел иднинта на ваа наша малечка земјичка за наредните 40 години, да не кажум 100 ебаго. Ама вие збораве уд насловут, имат ного јака симболика. Не само шо “ утре „  ќе биде бетер, туку реченицата “ утре ќе биде подобро „  е измислена за просечната маса, да ја држат мирна. Туку, ај не сум таков шо пљуе на сопствената земја, ама таман ке потонум ду некуј степен ву тоа социјално несвесно и несакајки ќе прочитум некоја таква работа кути горе наведениот наслов и ми буде некои дијаметрално спротивни чувства сместени ву ист фолдер, нешто кути инспиративно разочарување.
      За горе наведениот текст, треба да се земе во предвид дека авторот додека го пишува текстот е хронично ненаспан, прилично гладен, не му се сечени ноктите на рацете, а богами и на нозете, па така неговите искази неможат да се сметат како судски релевантни докази.