Friday, December 30, 2011

Лајкче, тук сте ного убаво испаднани

Ми 5 сабајле е, шо може да напишиш ву 5 сабајле освен да вежебиш брзо пишување на тастатура (леле мора да измисљат некуј пократук збор за таст...) и бај да wеј да тропиш шо ќе ти текне, кути шо и правум јас обично оти секак знајш оти нема да у чите никуј, ама как и да е „експрес јорселф“ шо би кажале нјегурчаање (или па не викаа они така). Туку шо да кажум, дај да кажум тоа шо на опкољаве секујдневно, а тоа е Фејсбук разбираш. Нооого убави сликички уд свадбата на стрина, испотани дебели љуѓе на неа су бели кошуљи и мајцата удуздоле им са гледе. Исто така видех и чичо шо имал р’чок вадин, печана кокошка лелеее, да са знае ву која куќа са јаде мрсно, малко а изгорела стрина ама ако чичо а сликал пак... ми да вииш па на Перо уд долната мала снаата напишала на брачниут статус „итс компликејдт“ ми ка збесна баабта Спасија, зашо така напишала, шо била работта, а м’жут па појма немал оти така пишувало, абе уште шо нема да вииш секакви чудесии... и си гледум јас така сликички си клавум лајкче, кисче и такананаки и са чудум какво време дујде секуј су секуј да са има и сите су сите са сакат, си пушќат кисчиња просто невероватно, уд мерак да насадиш 50 декара зелки, су толко пријатели има за един саат да и субериш. А, па да вииш Мара служителката шо ни беше уд петто ду осмо, дек била па таа на одмор, уствари незнам дек била ама меѓу сите дрва са сликала, незнам зашо са сликат су дрвата изгледе некои ретки дрва са тие...туку ај доста пишувах чеј да виам иам ново лајкче.

Henry Chinaski

Wednesday, December 14, 2011

Известување

Поради финансиски причини редакцијата на Штрумфастично е пуштена на принуден одмор. Воедно се извинуваме за подолгиот временски штрумфастичен пост и за мотивациските проблеми на директорот на редакцијата. Срдечно се надеваме дека следуваат подобри времиња како во земјата Недојдија така и во редакцијата на Штрумфастично. За следниот текст на нашиот главен и одговорен уредник на редакцијата ќе ве известиме преку информативните програми на вториот собраниски канал на земјата Недојдија.