Friday, September 11, 2015

Добар си бе Владо

 
 Бе Владо, добар си бе Владо знам јас и без да заплачеш, те глеав и во Неметали Огражден коа шутираше секој напад ама ако бе Владо и тогаш беше добар. Добар си ти Владо и без да играш ни на едно Европско првенство, ете толку си добар шо сите истото го пишуваме со денови...
Не си само ти добар ама некако како само тебе да ти сме должни нешто ние навивачите на македонската кошарка. Другите како да си го наплатија своето со по некој потег, со по некој потсмев, со по некоја изјава, со по некое не клекнување по ниска топка.. ама кон тебе и Врбица ние навивачите секогаш ќе чувствуваме како нешто да ви должиме. И затоа Владо такви како тебе ни се потребни во Мак Баскетот како што милуваат да го кажат оние кои што не ја милуваат македонската кошарка.
  Добар си ти Владо затоа што реши да играш и на ова Еуро 2015 на кое те гледаше уште една генерација на млади идни кошаркари кои видоа како изгледа вистински кошаркар, зошто јас и мојата генерација гледавме добри кошаркари како Пеце Наумовски, Врба Стефанов, Дејан Јовановски, Перо Антич, Срѓан Станкович, Душан Боцевски, Перо Блажевски, Марјан Србиновски, Мирза Куртович кои и во денешно време би значеле нешто во европската кошарка, но нашите млади кошаркари за жал ќе нема многу што да гледаат во следните години... затоа Владо, те гледаа тебе !