Tuesday, May 22, 2012

Слуши Ти Дете...

Додека врнише дожд, застанах на едно кафе и там беа Моцарт и Чајковски и ме викнаа су них да пијам кафе, они чај пијаа. И арно се, седнах су них ама ка запнале су некуј муабет дебатират ву кој правец да се движела музикта, за да не се заебале работте, расправат некои симфонии таму, тактови и други тракатанции и јас едно време им викум, добро бе маме му ебем, знајте ли вие каква музика са слуше ву мојто време, шо са замарте толко, нема веза тоа шо у лафте сеа су музикта шо се слуше после вас... Еее, са побуни Чајковски, и Џон Ленон така викше ама и пу него Парпл свиреа солажи од Моцарт и ај да не распраавум вике уште кои не други, ти си малечук ми вике ама сепак ние сме одговорни шо ќе слушиш ти утре, унадин. Си  викум вие љуѓе се во тотален хаус и заблуда... а може па и не са...

Sunday, May 6, 2012

Кафе, мафе ова, она...

Сеа седеме су Моби пијаме кафе, интересно човече да му ебум, само лошо некак а праве фризурта ама ок е. Испијаме по едно кафе, после по една водка пијаме и едно време пушќат песна уд Моби там ву тоа кафичут дек шо седахме и мене ми дојде незгодно некак ама воа ми вике не се замари човече, пушти го мозокут слободно, клади се на стенд бај и почни да возиш... ај да а ебум мама му си викум, дек да возум па сеа, а воа па чудно некак са смее... И ми вике после пак, абе тоа е тоа шо се замариш толко, направи сума сумарум на неколко големи артисти, ја на пример Хендрикс, Морисон, Вуди Ален и ќе видиш оти тоа е тоа.
И јас пак така збунан малко са напијавум една г’лтка водка и пробувум да се закачум на муабетут и слушум песната уште са умум шо значи тоа, тоа е тоа...
И едно време ми вике, абе пиј кафе, слуши музика, осети го ветарут на тебе и остави нека те возе... мама му да а ебам, чудно човече воа...