Friday, February 2, 2024

Еспресо Деј

One of those days треабше да бие насловут на воа блог ама така било пишано. И ја ма мене, блогум нонсенси место да правум други работи, баш как шо ми пучна денут, се наопко. Су лаптоупут на рамто затрчан уф омилениут кофишоп (така ѝ викат тука уф Енглеска оти воглавно за кафе са и затворават уф 5 пуручок) за да виам оти нема маса. Уствари имше една една маса ама таа маста беше меѓу две други маси на растојание уд 14 цм од кои на едната една жена гу дојше нејнто идно англиско идиотче. 

Обично седум ду џамут или ву ќоше така да излезех и реших да одум ву друг кофишоп. Следниут така поубав, дури е на 15 минути пешки па тргнах да одум и после 5 минути закључих оти дуе ного ветар и са врнах назад, и флезех ву третта опција која е исто така ного добра, ако искључиш дека просекот на љуѓе шо одат там е 68 гудини, а они не се тушират ного често. 

И добро, флезех там се убаво, и нормално пиам макијато ама поради некои причини шо реших да избегнум секакви млечни производи морше да пиам еспресо. Е сеа тука пучнуват проблемто. За убаво еспресо, покрај точното место дека шо си флезел, мора плус сите ѕвезди на светот да са пугодат. И првото нешто шо го видех, баристата беше една плава нашминкана женска, су испегљана коса, и готаво ми са стемни, ама веќе беше касно да си одум. Само шо нарачах, са заврте она и на маицата и пишуавше "Trainee". Па добро мајке му си кажах, таков е денут шо да прајме сеа, какво и да е кафто сеа, од трејни бариста е, требе и она да се науче некак. И се арно беше, само шо ми кладе еспресо уф шољја за капучино. 

И тука имше проблем со слободни маси па седнах на една до вратта одман, мада там немше опција да отвориш лаптоп, викум ај ќе седнум тука па ќе размисљум, и по 2 мин закључих оти е бучава и оти е ладно, па станах да се преместум на една голема такозвани "шеринг тејбл". Само шо седнах тука, почна да смрде на чорапи, ама не са заебавум стварно смрдише на чорапи, а никој не беше собљечан. И тука веќе одлучих оти нема мотивација за никаква работа на лаптопут, па подобро да пробум да блогнум некоја глупост кути на пример воа блог шо у читте, ако некуј уопште гу чите. 

Уствари види, ништо занимљиво не са деси, само јас немах мотивација да гу правум тоа шо лагах да у правум, а сеа тоа шо вие очекавте да напишум јас којзнае шо, тоа не е мој проблем.