Monday, August 1, 2011

Втори ли е, Август ли е, Мај ли е, шо ли е...

Станувум сеа пред малко и гледум на компјутерут 2 Август. Одман ми утиде ак’лут на 1 Мај ама не, си викум воа е само наш празник. Ден кога кути тинејџери сме оделе ву некоја вила и сме се опијувале кути магариња, ден кога голем дел од популацијата е пијан, па скоро секогаш некуј завршаве смачкан помеѓу две коли, па крив ни е некуј измислен лик демек он така сакал, ден кога сите јадат скара дури и тие шо немат пари за неа, ден кога обично врне па сите пцујат и шо е најважно ден кога никуј не оде на работа. Туку арно шо е 2 Август оти ако беше 1 Мај ќе бех ного по нервозен. Незнам кој гу измислил 1 Мај ама мене ми стое некоја соцајилистичко комунистичка варка, за првпат не сумњум ву американците иако и они имат добри мотиви за тоа. Сепак е нешто европско и тоа уште кога комунизмут имал главен збор ву општеството, измислиле ден да са осеќат љуегто вредни иако ву држава кути бивша Југославија сите знајале дека никуј не бил вредин туку само другар Тито са снаоѓал тогаш за тогаш. Туку как и да е, ама земја шо е шампион во невработеност ву светут кути нашта шо е, да празнуве празник на трудот малко е иронично нели. Па порано малко им било 1 Мај, па ај и втори са славило. Туку ај ние да си славме 2 Август сеа, мада толко шо ни се исти на нас вие два празника дури забраавме кој гу славме, на момент забраавме изгледе дека и Светец славме, процедурта е иста, поводут и не е ного битен, важно е да се опииш, а тоа да е општествено прифатливо, барем да си мислиш дека е...

Henry Chinaski