Thursday, February 2, 2012

The Sun Also Rises

Гери Мур на гитара, Џејми Оливер во кујна, Трендо на задња страна од Антенa, Чарли Шин во ситком, Џамбазов во Џандар Збира... су един збор КЛАСИКА.
Еј мама му да а ебам колко сме далеко уд класика ние, за да живејме класика лајф стајл ние требе сите да ги искарме телевизорте уд дома, уствари не само да ги искарме туку да ги фрлиме уд 4ти спрат минимум... 19 ч ударен термин, речиси сите са дома, освен тiе шо не са и на сите им е пуштана злобната црна кутија су шарени сликички, а там има шо да видиш, как шо кажах 19ч шпанско-мексиканска серија на 4 од 5 наши недојдијски канали, 20ч најновата турска хит серија што го потресе светот „Прељубата на Кадифе и Убиството на Џамбаш„ 21ч емисија во живо за првпат од ваков карактер со Лила факин Филиповска и 20 ретардирани гости одберени по случаен избор и мисљум оти е доволно да не одум до крај со репертоарот ... а шо е ного интересно па сите купуват телевизори колко два мои џама дома и сите се со изговор дека го купиле за фудбал да глеат на них ама ако играе Хатииџе во исто време нормално... абе неможиш никак да се одбарниш од тоа, џабе ти шо сакиш прави ама тие околу тебе го прават тоа и мубетут е тоа, децта на школо за тоа лафат, ву слободно време или ги гледат претходно наведените серии заедно со мајки, татковци, баби, дедовци, свекори, свекрви, б’лд’зи и сл. или пак седат на Фејсбук и мисљат дека се дружат со некуј. А, пак коа ќе излезиш ду вонка, некаде ву градут или слично там има невидан кичерај, муабети само да слушнат друизте, немат никаква друга намена, толко е се кич шо дури веќе и да пишувиш за кичут е кич. Уствари џабе е да се лафе кога испревртени се нештата упм, а ние љуегто сме ного малко имформирани, и свесноста ни е на најниско можно ниво, па дури и да си свесен за нешто немиш сила, услови, мотивација да го избегниш цело тоа.. туку вонка снег заврна, после ќе кажат на вестите дека снегот не изненади на втори февруари и најнормално се ќе биде блокирано вонка, а ако траe неколко дена сите школи ќе бидат затворени, па децта на раат ќе прочитат нешто од Хемингвеј, а може и не...

P.S. Упм, му пишах меил на Трендо преѓи, па ќе мисле сега дека намерно го фаљум.

Henry Chinaski

1 comment:

  1. The one you know whoFebruary 2, 2012 at 10:48 PM

    Чувек ништо не кажа за тоа на сител шо умре ама уствари е жив! Доста со такви теми. Ич не си во тек со работте. Сеа е ИН да ги пратиш сериите, а ти си запнал нешто против них. Ебатти заостананиот ебатти...

    ReplyDelete