Sunday, February 5, 2012

Јас Сум Навивач Биди и Ти

Неодамна, т.е. воа лето кошаркарте наши направија успех на европска сцена. Се арно ама уште тогаш некак не ми штимаа работте, нешто не ми са аресше ву цела таа убава работа, иако сум спортска душа т.е. баш за тоа и не ми са аресше. Премногу политика и секуј глејше некак да си ја препише заслугата на него, ного непотребен национализам, шо дури и самте кошаркари ги фати таа фама, а изгледе и немше кој да им укаже за некои работи шо са случуваа ву цела таа еуфорија. Јас лично кути голем фан на кошаркарската игра са почуствувах кути странец ву цела таа работа, задоволството оти ги победиме Грција беше некак одмазднички настроено, сите беа су други мотиви, таман ќе помислиш дека колко толко сме сепак европизирани са случуве баш спротиивното, са надзире некаква реприза на изваљанте супер мечови помеѓу Србија и Хрватска, на кои победникот са осеќше кути победник ву тогашната стварна војна на која немше победник... незнам какви се и зашо се наште мотиви за цело воа... коа ќе видиш и медиумте гу потикнават тоа негативен национализам ву кој за се са лафе само за кошарка не са лафе. Секаде са претставени симболично кути народни херои, а зашо тоа збор нонстоп са упетрабеве ич не ми е јасно само знам дека има негативна порака длабоко ву себе. На сите изјави на наши демек славни личности са потенцире тоа ву стилут дека тие покажале как требе да се бране нашто знаме и нашта држава... е уд кој бе да ја бранме држаавта, за војна ли се спреме некуј пак...или тоа длабоко втиснат национализам и омраза кон етничките групи, не само шо јавно са декларире ву салите и на стадионте туку и медиумски е потсвесно застапан, да не кажум и свесно веќе, и сеа ние силни сме нели оти кошаркарте беа четврти на европското. Јас разбирум оти ние сме гладни за победи и конечно да го покажме квалитетут на спортски план ама тоа крајно безобразно са злоупотребаве, јас никаде не сретнах некаква анализа спортска зашо сме изгубиле су Шпанија и Русија, шо поточно са случило на тоа европско првенство туку насекаде евтини коментари и наслови, а некуј друг трие р’ци оти конечно сите заедно сме пикнани пуд македонското знаме и тоа е најбитно и ного ни е убаво така пуд него, а релноста ќе биде забравена за некое време и сега сите сме Македонци и сите сакме да са викме Македонија оти глејш ја четврти сме на европско ву кошарка.
И таман помина тоа, са случи истото и су ракометарте ву Ниш и Белград, т.е. ништо ново туку приказната продолжи, национализам колко сакиш а викат оти било патриотизам, а патриотизам е одличен анестетик за напатено, изгубено македонче кое конечно најдел некакво фајде уд тоа да са биде вадин македонец и цврсто са фатил за него оти знајте нели на стари години да не кажум на умирање муабетут е тоа, коа немиш веќе друго ќе са потприш на патриотизам и раскажават ка биле војници порано и как са македонци ву срцто...
Секоја чест на наште шо беа ву Литванија и Србија да навиват за репрезентацијата, да не бидум сфатен погрешка, само зборут ми беше дека цел тоа успех беше лошо медумски пласиран и тоа не е ненамерно направано и ного непрофесионално изглејше на моменти... настана ситуација да изгледе дека сите се максимално заинтересирани за спортут ву Македонија и јас куту навивач се осетих кути некуј да ми ја зема побеадта на Македонија.

2 comments:

  1. Излези момче право на тераса...

    ReplyDelete
  2. Се молат читателите на Штрумфастично да остават некаков потпис зад својот коментар, немора да е своерачен... :)

    ReplyDelete